„Happiness Begins“: Старомодни поп вредности во свежа и модерна форма во албумот на Џонас Брадерс

Пред шест години тројцата браќа од музичката индустрија Џонас одлучија секој да замине по својот пат, Кевин да се посвети на семејството, Ник да гради соло кариера или да продолжи како дел од групата и Џо со „Ди Ен Си И“.

Џонас Брадерс изгледа сфатија што направија па одлучија повторно заедно да ги спојат музичките таленти и одлучија да си дадат уште една шанса. Во приказната не внесоа со нивната ултра популарна песна „Sucker“ која ја издадоа на 1 ви март оваа година.

„Убаво е што конечно можеме да кажеме за нашето враќање на сцена. Сè држевме во тајност речиси седум-осум месеци“, открија некогашните Дизниеви ѕвезди, кои за новиот сингл ги здружија силите со хитмејкерот Рајан Тедер (Уан репаблик) и продуцентот Френк Дјукс, а за нештата да бидат уште поинтересни, во придружното видео се појавуваат и нивните парнерки Даниел Џонас, Пријанка Чопра Џонас и Софи Тарнер.

Тие го издадоа нивниот албум „Happiness Begins“ кој содржи мешавина на модерни звуци, длабоки, еластични басови измешани со слатки поп песни, а тука е и дигиталното стакло на аранжманите.

Отвореното срце и мелодизам на „Happiness Begins“ се чувстува во песните, албумот нуди старомодни поп-вредности во форма која се чувствува посебно свежа и модерна.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background