Koja e најслушаната песна во последните 10 години

Апликацијата за стримање музика, Spotify, сподели листа на најдобрите песни, албуми и изведувачи во последната деценија.

Според нивните статистики, најмногу се слушала музиката на Дрејк.

Тој собрал повеќе од 28 милијарди стримови, а неговата најпопуларна песна „One Dance“ била пуштена 1,7 милијарда пати. Веднаш по него е Ед Ширан, а следни се Пост Малон, Аријана Гранде и Еминем.
Како најслушана песна на деценијата се истакнува големиот хит „Shape Of You“ на Ед Ширан, која е пуштена 2,4 милијарди пати.

Изминатата, 2019 година, најслушана песна според Spotify е „Senorita“ на Шон Мендез и Камила Кабеjо. Oд објавувањето во јуни, оваа песна е преслушана веќе милијарда пати.

Веднаш зад неа е песната на Били Ајлиш, со наслов „Bad Guy“ и со 900 милиони стримови врзани за нејзиното име.

Били Ајлиш го држи врвот за најпопуларен албум со својот дебитантски албум „When We All Fall Asleep, Where Do We Go“.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background