нова песна

По феноменалниот европски успех на „PROUD“ и „MONSTERS“, Тамара се враќа на македонската музичка сцена со нејзината нова песна со наслов „Слобода“. Текстот за песната го напиша Игор Џамбазов, музиката на  Роберт Билбилов, а  аранжманот на  Дарко Димитров.

   

Пејачот Васил Гарванлиев најавува посебно музичко доживување, низ one take видео, со пеење во живо, за неговата автобиографска тема „Мојата улица“. Со оглед на тоа што, како што вели Васил, ова е прв пат кога сите ние се наоѓаме на една иста позиција без разлика во кој дел од светот живееме, времето кое го живееме […]

Антониа Гиговска ја лансираше својата нова балада со наслов „Крива сум“ во комбинација со видео спот. И овој пат за музиката избрала да му верува на Дарко Димитров како композитор, а на текстот се потпишува Игор Џамбазов. Видеото е на Даниел Јовески, а како изгледа целосниот пакет можете да погледнете во прилог.

Песната „Ана“ не е правена врз вистинска приказна, туку е посветена на две групи девојки, вели Петар Младеновски, фронтмен на групата „Суперхикс“, кои деновиве снимија и спот за неа. „Стиховите за песната ги напиша Дарко Попов и „една Ана ми отоври рана“ прво добро ни се римуваше. Не постои вистинска Ана иако песната од една […]

Mакедонското електронско дуо „Cyrillic“ дадода ново музичко руво на култната Твоите очи Лено мори и му дадоа име „Севда“. За да се случи овој сингл Андреј и Бојан соработуваа со македонската поп пејачка Наташа Малинкова. Спотот се снимаше на неколку локации ширум земјава, а моделот кој ја има главната улога во видеото е Марија Давчевска. […]

“Кога зборот станува мелодија, тогаш знакот станува танц” – ова е главниот фокус на новиот видео спот на соработката на”DS Collective” со Alex V, за темата “Свет”. “Кореографијата во видеото впрочем е инспирирана од знаковниот јазик преку која сакавме накратко да влеземе во кожите на оние кои “слушаат со очите”. Барем на момент да почувствуваме […]

Екипата на „Ареа“ извади нова песна, но и  видео, со наслов “Те спомнувам”. Песната е целосно авторско дело на Ареа со текст, музика, аранжман и продукција. Спотот е сниман на неколку локации во нивниот роден град, Гостивар, а на режијата се потпишува Кристијан Шемко. Ако ви недостасуваа нови вибрации од Ареа, уживајте со нивното последно […]

Откако очите и ушите на Европа ги сврте кон себе со евровизиската „Proud“, Тамара Тодевска продолжува да ја освојува европската сцена со уште едно парче на англиски јазик, „Monsters“. За да биде сигурна во реприза на успешната приказна останува лојална на истиот тим кој работеше и на „Proud“, па така, во екипата се Дарко Димитров, […]

Талентираниот струмичанец Јовче Пандев кон својот прв албум се движи самоуверено, со музичка низа која следни конкретна приказна верна на неговиот стил како музичар, но и како човек. Чекор понатаму оди со најновата „Вина Девица“, која додава во разноликоста на неговиот музички мозаик. „Ова е поразличен призвук од претходните две песни. Во случајов има некаков […]


Во етер
Наслов
Изведувач

Background