нова песна

Страна: 3

Модерна вибрација доминира и во новото музичко и видео парче на Валери. Авторската низа на песни меѓу кои се „Само ти“, „Дозволи ми“, „Ќе биде“ на Нешо и „Доволни “ на Сирилик, ја продолжува со „Крај“. За оваа песна Валери повторно соработува со Темелко Андреев, со кого става и заеднички потпис на музиката, стиховите, аранжманот […]

Откако Европа ги запозна со настапот на евровизиската сцена во 2018. година, Eye Cue остануваат фокусирани на освојување на европската музичка сцена. Во случајов и во периодов, со настапи во Лондон, но и со уште еден сингл на англиски јазик. Со „Love me Hate me“, продолжи листата со позитивни коментари од фановите.

Свежа музика и впечатливо видео парче на домашната музичка сцена, донесе пејачот Јовче Пандев со премиерното прикажување на неговата „Суден час“. На втората авторска песна работеше со истата екипа која беше задолжена и за претходниот сингл. Музиката и текстот се на Пандев, а на басот и на целосната продукција печат става Горан Гешовски. Аранжманот, гитарите […]

Во впечатливо видео за новата „Горе или доле“, Андреј и Панчо од  ДНК потсетуваат дека комбинацијата на алкохол и волан може да биде смртоносна. „Мислиме дека имаме одлична песна, и сме горди на сработеното, но ќе оставиме публиката да го каже своето. Напорно работевме на снимањето на сцените, кои се буквално филмски. Сè изгледа толку […]

Александар Тарабунов има ново летно парче со наслов „Маска од насмевка“, за кое „залепи“ и соодветна видео приказна режирана од Зоран Зонде Стојановски. „Сите ние добро познаваме по некоја девојка со маска од насмевка. Колку и да боли, Александар Тарабунов пее дека ќе ја лекува. <3“ – напиша Стојановски на Твитер. Музиката Тарабунов ја направил […]

Откако природно дојде да направи пауза од создавање нова музика, поради породувањето, Сара Мејс најавува продолжување на нејзиното музичко патување со тизер видео за новата песна „Копито“. Според она што може да се види во кусото видео, таа соработува со Александар Ристовски Принц како режисер на спотот, а визуелната приказна и музичкиот пристап повторно се […]

Неполн месец по промоцијата на песната „Одговор“, Александра Јанева ги изненади обожавателите со нова музичка приказна раскажана под името „Се одбирам себе“, со која им се враќа на баладите. Александра Јанева заедно со Тино Стојановски е автор на музиката на нејзината нова песна. Како текстописец на баладата „Се одбирам себе” се потпишува Јана Бурче. Продукцијата […]


Во етер
Наслов
Изведувач

Background