Проекти
Како е можно евалуатори на проекти во Националната агенција за европски образовни можности и мобилност да добиваат проекти финансисрани од истата агенција, а фризерница да добие проект за меимска писменост, праша во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ. Прашањето е упатено до директорката на Националната агенција, Лидија Димова, која упати контра […]
Адвокатот Александар Тортевски во емисијата „Стадион“ на Канал 77 негираше дека има личен интерес, одосно одбиен проект во Националната агенција за образовни можности и мобилност, поради што бара одговорност од директорката Лидија Димова, ниту пак води хајка против неа. Појасни дека до него се обратиле клиенти, кои побарале иснтитуциите да го истражат доделувањето на проектите, […]
Политичката криза може многу семејства во Охрид да остави без леб.Ако нема разрешница, предупредуваат туристичките работници, тогаш таа сериозно ќе удри врз туризмот кој е водечка стопанска гранка во градот. Иљадници граѓани го очекуваат доаѓањето на туристичката сезона како можност да заработат некој денар повеќе, како би го преживеале остатокот од годината. Половина Охрид живее […]
Ќе се јави конфликт меѓу граѓаните и власта доколку институциите не ја почитуваат граѓанската воља искажана преку референдумот, бидејќи граѓаните се носители на власта. Ова е толкувањето на професорот по Уставно право, Светомир Шкариќ, за искажаниот скептицијам во јавноста, дека граѓанското „не“ за изградба на рудник во Гевгелија, нема да биде почитувано од централната власт. […]
Кога ќе се спомене Дојран и погранично место, веднаш првата асоцијација е на трговската размена со посетителите од јужниот сосед, која значително се зголеми во последните години на економската криза што ескалираше од другата страна на границата. Грците ги преплавија бензиските станици, стоматолошките ординации, дуќаните, рестораните, пазарите во пограничните места со Македонија, меѓу кои е […]
Нема пари за реконструкција на една од куќите што општината ги доби на подарок од штипскиот кардиохирург, Жан Митрев. Средствата што ги доби преку Источно планскиот регион отидоа во Виница. Од општината велат одбиени се без образложение, од Источно планскиот регион пак, недостасувала потребната документација. Во Штип има околу дваесет стари куќи со решение за […]
Здружението на пензионери од Струмица речиси седум години чека дозвола за тарнсфорамција на земјиштето, кое го користат за да градат пензионерски станови. Постапката заглавила во Одделението за имотно правни работи при Министерството за Финансии. Станува збор за повеќе од илјада метри квадратни земјиште кое се води на Р.Македонија, а на кое Здружението има своја зграда, […]
Пожарите во март, само на територијата на Пијанец и Малеш изгореа над 200 хектари шума. Сите пожари се предизвикани од човечки фактор, а штетите се бројат во милиони, но последиците се немерливи. Шумата, освен дрвна маса има и 5 илјади други општокорисни функции, а таа ги губи, поради ниската свест кај луѓето за значењето на […]
На протести излегоа струмичките земјоделци. Побараа од институциите да не ги манипулираат, бидејќи како што рекоа, изморени се да ја барат ветената државна помош, со која претходната влада на големо се рекламираше. Доста е од популизам, време е, како и нашите деца да си спакуваме куферите, велат земјоделците. Од Министерството за финасии засега нема одговор. […]
Во општина Дебар со околу 20000 жители има само еден гинеколог. Ситуацијата да е по алармантна, дебарското гинеколошко одделение каде работи овој гинеколог, ги покрива и двете соседни општини Река и Центар Жупа. Поради тоа многу често дебарчанки за породување се препраќаат во Струга, каде тамошното гинеколошко одделние е најдобро екипирано во однос на одделенијата […]