(Видео) Македонски војници засега нема да се испраќаат во Источна Европа, вели министерката Петровска

Она за што се залагавме и се залагаме и дипломатско решавање на конфликтот тоа е сега малку повеќе комплицирано поради состојбите, но нашата позиција принципиелна пред почетокот на воениот конфликт, пред  ескалацијата беше повикот на испраќање за деескалација на состојбата и тоа беше став од повеќе причини“, изјави министерската за одбрана Славјанка Петровска, во денешното гостување на емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Таа појаснува за ваквиот став на Македонија, пред се затоа што тоа е и став на НАТО Алијансата каде што сме ние дел, вели Петровска, но и водејќи се од разумот. Секогаш кога имате воена ескалација или воен конфликт тој завршува со решавање на преговарачка маса. Нашите пораки со што како државен врв бевме обединети, беа пораки на разумот, и беа пораки да надвладее разумот и тој конфликт да не се донесе во ситуација на ескалација што впрочем и сега се случи, вели министерската за одбрана.

Таа зборуваше за Состанокот на министери за одбрана на земјите членки на НАТО кој се одржа во Брисел, при што појасни дека Република Северна Македонија е рамноправна членка со сите останати.

„Во НАТО не сме втора класа членки, во НАТО сите земји членки што ги претставуваат на различно ниво на амбасадори, министри за одбарана, за надворешни работи , претседатели на држави, премиери се третираат односно се однесуваат рамноправно“, појасни Петровска.

На новинарско прашање дали смета дека Укриана, Грузија треба да влезат во НАТО ако изразат желба, таа рече дека едно е ако изразат желба тоа е првиот чекор, за да се отпочне, но она што е најважно за да станете земја членка на НАТО е исполнување на условите , во таа насока ние не сакаме да поставуваме дополнители  барања или блокади, но се држиме до исполнувањето на условите.

Со оглед на ескалацијата на состаојбата помеѓу Украина и Русија, министерската за обрана Славјанка Петровска смирува дека не постојат сериозни закани врз нашата безбеднсона состјба.

„Безбедносната состојба е стабилна не постојат диркетни закани врз нашата безбедносна состојба, граѓаните треба да се чувстуваат безбедни, без оглед на понатамошниот развој. Се разбира институциите секоја со своја надлежност, разузнавачките служби, министертсвото за надворешни работи, министертсвото за одбрана во свој дел од круг имаат обврска секојдневна без оглед на настаните да ги исполнуваат своите задачи и надлежности“, вели Петровска.

Во однос на нејзината изјава пред извесен период дека Македонија е пдоготвена да испрати војници во Укарина вели дека е изјава која не е нејзино мислење туку таквата изјава е донесена како резултат на консултации со Владата.

„Јас не кажав дека ќе испраќаме војници во Украина, ијзавата беше поприлично јасна. Јас го кажав тоа што и денеска го повторувам, изјавата беше усогласена со Владата, јас кога соопштувам став на министертсвото и државата не е тоа мој личен став и во таа насока не сум нова во овој свет, знам кога треба да се направат определени консултации, јас тоа впрочем и го направив. Изјавата моја беше прецизна, ако добро погледнеме ќе видите дека десетина дена подоцна и опозицијата ја повтори таа иста изјава принципиелната позиција. Дека РСМ е членка на НАТО, дека се залагаме за политиката на отворени врати, го почитуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, дека повикуваме на деескалација. И како земја членка на НАТО се залагаме за мирно разрешување на конфликтот. Го имаме во предвид членот 5 од Вашингтонскиот договор со кој НАТО Алијансата не може да испраќа сопствени сили или трупи, војници во земја членка која не е дел од Алијансата“, појаснува Петровска.

По нејзината изјава во јавноста излегоа лавина коменатри кои вирално се ширеа на социјалните медиуми, за кои министерската за одбрана, Славјанка Петровска вели дека нема да ги коментира бидејжи додека некој си го пополнува времето со такви досетки во Укриана гинат луѓе.

„Тие се многу досетливи коментари, веројатно на тие што ги пишуваат и на публиката која што ги чита им се допадливи и симпатични затоа што си го пополнуваат времето, но не би се сложила затоа што ситуацијата во Украина е поприлично драматична. Таму гинат луѓе додека некој смета дека треба да биде интересен и да бјавува вакви постови. Тоа е слобода на изразување, но јас не сметам дека треба да ги коментирам“, вели Петровска.

Таа вели дека загрижува фактот што таа моја изјава, принцпиелна повторена потоа и од опозицијата беше искористена за сервирање на многу лаги на сметка на штета на Армијата. За сите тие лаги во периодот кој следи ќе следуваат практични деманти од терен.

Во однос на испраќање македонски војници во некој од земјите кои граничат со Украина, во таа Источна Европа, министерската за оббрана вели дека засега немаат донесено таква одлука како министертсво.

„Политиката на зајакнато присуство е дел од одбрамбената политика на НАТО Алијансата и дел од одвраќање. Сега за сега, таква одлука за дополнително учество немаме донесено и не е разгледувана, но она што треба да го превенираме и ова е добра можност да се објасни за да не се создаде впечаток дека нешто криеме, е една одлука која што е донесена уште минатата година во рамките на одбрамбената политика и политиката на одвраќање на НАТО Алијансата, а тоа е за учество на една единица од составнот на нашата Армија во Латвија. Тоа е одлучено уште минатата година и тоа е од редовната политика на НАТО Алијансата. Планот за да се испраќаат војници е за во јуни месец, но тоа се нормални активности, за вонредна одлука за вонредно испраќање на војници на територија на овие земји засега немаме донесено, но се разбира дека имаме расположлив капацитет и кога ќе се утврди потребата од нивно ангажирање со соодветна процедура ќе биде донесена“, вели министерката за одбрана.

Таа не сакаше за коментира изјави на политичари, иако беше запрашана конкретно за изјава на Путин која ја споредуваат со изјава на Каракачанов, Петровска рече дека дискутирањето за историја на политичар е погубно.

„Враќањето во историјата е многу убаво кога тоа го правите од поучни или едукативн причини, но од денешна перспектива да ја прекројувате или да ја толкувате историјата. Проблематично е дискутирање за историја  од политичари во време на ваков тип на кризи, тоа мислам дека е погубно“, рече министерксата за обрана, Славјанка Петровска во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Г.Д


Во етер
Наслов
Изведувач

Background